Дома Останати Форбс: Ова се најбогатите спортски клубови во светот!

Форбс: Ова се најбогатите спортски клубови во светот!

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најбогатите спортски клубови во светот, а на првото место исто како и минатата година ја предводи Далас Каубојс.

Вредноста на клубот кој се натпреварува во северноамериканската НФЛ-лига е проценета на неверојатни 4,8 милијарди долари. Во однос на минатата година вредноста на клубот пораснала 14%. Иако Далас последен пат беше шампион во НФЛ-лигата пред две децении, тоа не ја намалува вредноста на клубот, чиј сопственик е Џери Џонс.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Второто место на листата му припаѓа на бејзбол-клубот Њујорк Јенкис (3,7 милијарди долари), а потоа следуваат три фудбалски клуба – Манчестер јунајтед (3,69 милијарди), Барселона (3,64 милијарди) и Реал Мадрид (3,58 милијарди долари).

Шести на оваа листа е актуелниот НФЛ-шампион, Њу Ингланд, чија вредност е 3,4 милијарди долари и во однос на минатата година таа пораснала за 9%.

На седмата позиција се наоѓа првиот клуб кој доаѓа од НБА-лигата, тоа е Њујорк Никс, со вредност од 3,3 милијарди долари.

Меѓу најдобрите 50 клуба во светот најмногубројни се претставниците на американските првенства (НФЛ, НБА, МЛБ), од Англија, покрај Манчестер Јунајтед, на листата се и Манчестер Сити на 35-та место со вредност од 2,08 милијарди долари, односно Арсенал на 43-то место (1,93 милијарда) и Челзи (вредност 1,84 милијарда).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…