Флојд Мејведер еден од најдобрите боксери во историјата не успеа да победи против јутуберот Логан Пол во егзибициската борба одржана изминатата ноќ во Мајами.
Мечот беше договорен да има осум рунди, нокаути не беа дозволени, а судија во ринго немаше. Логан издржа сите осум рунди против непоразениот боксер и во го изненади Мејведер кој после борбата призна дека не очекувал така добар противник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двата борци заедно упатија 73 удари, а Мејведер најголем дел од нив упати во главата или телото на 16 килограми потешкиот Пол. Пол во поголем дел од борбата се мачеше да го погоди боксерискиот гигант, а кога сфати дека нема да успее се одлучи на еден пасивен пристап за да го дочека крајот на борбата. Сега така може да се пофали декаи издржал да излезе непоразен од осум рунди против славниот пензиониран боксер.
„Не сакам некој да ми каже дека нешто е невозожно. Тоа што сум тука со најдобриот боксер на сите времиња е доказ. Ми беше чест“, изјави Пол после борбата со Мејведер.