Фудбалот се повеќе се заснова на пари и тоа ги фрустрира сите оние кои останаа доследни на најтрадиционалниот, европски фудбал.
Едно време Кина успеа да се претвори во фудбалска сила, но тоа траеше само неколку години, па многумина веруваат дека истото ќе се случи и со Саудиска Арабија и арапските земји и дека единствена цел им е да го свртат вниманието кон себе со цел да ја добие организацијата на Светското првенство.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Кристијано Роналдо беше првиот играч со статус на голема европска ѕвезда кој заигра во Арабија, факт што со себе донесе безброј засилувања ова лето. Астрономските плати на Блискиот Исток привлекоа многу од најдобрите светски играчи, а дури ни Карим Бензема не можеше да одолее.
Но, Флорентино Перез, претседателот на Реал знае дека нема да застане тука. Тој стравува дека шопингот на арапските сили на европскиот пазар ќе продолжи и следната година, а смета дека Давид Алаба, Лука Модриќ и Антонио Рудигер ќе бидат следните играчи на Кралскиот клуб кои ќе заминат во Саудиска Арабија.
Летово веќе се обидоа да го доведат Модриќ кој е на залезот на кариерата, но Хрватот остана верен на Реал и покрај тоа што повеќе нема да ја има улогата на стартер и толку важна улога како во претходните сезони.
И покрај тоа, Перез верува дека и Алаба, кој исто така беше на мета на Арапите, и Модирќ ќе си заминат на крајот на сезоната бидејќи ќе добијат „понуди кои не можат да се одбијат“, а во врска со Рудигер… Тој е некој кој го сакаат Арапите и кој секако не би имал ништо против да доживее нова култура и нов начин на живот.
И ова лето не е завршено, но сепак на крајот од сезоната ќе има нови „експлозии“ и повторно Арапите ќе испратат понуди во Европа кои понекогаш се неспоредливо подобри од оние што можат да ги дадат европските тимови, па затоа првенството на Саудиска Арабија ќе се следи како најсилните лиги во Европа.
Перез и многу други претседатели на фудбалски клубови знаат дека ќе биде тешко да се справат со ова, па се надеваат дека се ќе трае една сезона, две, најмногу три… Сепак, арапските земји се неисцрпен извор на пари, а тие пари мора некаде да се вложат…
Она што е најважно за Перез во моментов е како да го добие Килијан Мбапе. 24-годишниот Французин на лето станува слободен и веќе е решен да потпише за Реал, но ПСЖ на секој начин се обидува да го продаде до крајот на овој преоден рок за да избегне сценарио во кое ќе биде без приход и да го загуби еден од најдобрите играчи во светот во овој момент.
Сагата околу Мбапе трае долго време, крајот се уште не се гледа и тешко е да се каже што ќе се случи на крајот…