Дома Фудбал Флик згрме: Голот требаше да важи, јасно е дека сме оштетени!

Флик згрме: Голот требаше да важи, јасно е дека сме оштетени!

Барселона вчера беше поразена во натпреварот против Реал Сосиедад, но од овој натпревар најголемо внимание привлече поништениот гол на Роберт Левандовски во 13. минута.

Спорна беше одлуката на ВАР да го поништи голот на полскиот голгетер, а по натпреварот тренерот Ханси Флик не го криеше незадоволството.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Ги видов фотографиите, таквата одлука беше грешка, тоа беше чист гол. Многу е јасно дека голот требаше да важи. Сепак треба да прифатиме, не можеме да ги обвинуваме судиите и тие се луѓе како сите други и сите правиме грешки“, изјави Флик.

Во јавноста по прегледувањето на снимките и фотографиите остана дилемата дали се мереше стапалото на голгетерот на Барселона или на фудбалерот на домаќините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…