Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Вардар ги поддржа „Комити“: Очекуваме Воска да постапи согласно спортската здрава логика

ФК Вардар ги поддржа „Комити“: Очекуваме Воска да постапи согласно спортската здрава логика

Воска Спорт забрани присуство на навивачите на Вардар за натпреварот во недела кој е дерби во Втората македонска фудбалска лига.

„Комити“ побараа да им биде дозволено, но клубот од Охрид објави дека гостински навивачи нема да смее да има на трибините. Утрово со порака до ривалот се огласи и Вардар кој ги поддржа своите навивачи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Соопштениети на ФК Вардар ви го пренесуваме во целост:

„Во недела, го играме најважниот натпревар, против екипата на Воска. Како вистински домаќини, секогаш сме правеле напор, заедно со нашата навивачка група – Комити Запад, да обезбедиме присуство на гостински навивачи, на нашиот стадион.

Затоа, очекуваме дека управата на ФК Воска ќе  постапи согласно спортската здрава логика и дека ќе дозволи влез на нашите навивачи на стадионот во Охрид, бидејќи сите сме свесни дека постојат објективни услови за споредување на таа одлука!

Како клуб, целосно го подржуваме барањето на нашите навивачи. Сметаме дека тоа е најмалце што можеме да направиме, за луѓето кои целиот свој живот го посветуваат на клубот. Заедно сме во оваа борба, до крај!“, објавија вардарци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…