Дома Фудбал Англија ФИФА ја одби жалбата на Челзи – трансферното ембарго продолжува!

ФИФА ја одби жалбата на Челзи – трансферното ембарго продолжува!

ФИФА денес ја отфрли молбата на Челзи за „замрзнување“ на трансферното ембарго додека се разгледува нивната жалба.

На 22-ри февруари Светската куќа на фудбалот го санкционира клубот од „Стенфорд Бриџ“ со забрана за купување на нови фудбалери во следните два трансфер периоди.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Причина за трансферното „ембарго“ е поради фактот што Челзи ја нарушил процедурата и ги прекршил правилата при трансферите на 29 фудбалери под 18 години.

Од Челзи веднаш информираа дека ќе достават жалба на таквата одлука, а надежта на „сините“ беше дека казната ќе биде „замрзната“ додека трае процедурата, како што беше со случаите на Барселона и Атлетико Мадрид.

Меѓутоа, ФИФА денес категорично ја отфрли таквата можност.

Сега единствена шанса на Челзи е да испрати молба до Спортскиот арбитражен суд, кој ќе издаде привремено решение, така што ќе им дозволи на „сините“ да можат да купуваат нови играчи ова лето.

Жалбата на Челзи ќе се реазгледува дури во септември, па доколку биде потврдена казната, „сините“ нема да можат да купуваат играчи следниот јануари и летото 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На поранешниот напаѓач на Ливерпул му се заканува затворска казна!

На некогашната ѕвезда на англиската репрезентација, Ендру Керол (36), му се заканува затво…