Дома Фудбал Останато ФИФА промени десет правила во фудбалот!

ФИФА промени десет правила во фудбалот!

Промените започнуваат да важат од почетокот на следната сезона.

Меѓународниот одбор за фудбалот, органот на ФИФА задолжен за корекција на постоечките и воведување на нови правила на последната седница промени дури десет правила кои ќе започнат да важат од сезоната 2019/2020.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Изменети се правилата 8 и 9 кои се однесуваат на спуштањето на топката и кои предвидуваат ако играта е запрена во шеснаесетникот, судијата ја спушта топката до глманот, а ако е запрена надвор од шеснаесетникот судијата ја спушта на еден играч.

Ако во живиот ѕид стојат три или повеќе дефанзивци, играчот на екипата која напаѓа не смее да биде поблиску од еден метар, ако поблиску од метар, се досудува индирект во корист на тимот кој се бранел. Едно од правилата се однесува и на јавна опомена поради недозволена прослава на гол и таа во иднина ќе биде на сила дури и ако голот е подоцна се поништи.

Исто така од идната сезона на почетокот на натпреварот тимот кој ќе победи при фрлањето на паричка ќе има прилика да бира дали прв ќе ја има топката и на кој гол ќе напаѓа.

Една од новините е што ќе постојат различни термини за медицински прекини на натпреварот, па така ќе се воведе прекин поради разладување на актерите од 90 секунди и прекин за рехидратација која може да трае најмногу една минута.

Заменетиот играч исто така ќе мора да го напушти теренот до најблиската точка на аут линијата или гол линијата кај која се наоѓа, а исто така сега се воведува правило според кое може еден член од раководството да биде казнет со жолт или црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…