Врховниот суд во Бразил ја прогласи Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА за виновна поради незаконското користење на спрејот кој го користат судиите при оебележувањето на одредени ситуации на теренот.
Револуционерниот пронајдок кој многу ја подобри играта и ја направи повеќе праведна кога во прашање е престапот и „крадењето неколку сантиметри“ би можел да им се „одбие од глава“ на члениците на ФИФА. Имено, Аргентинецот Пабло Силва кој го измисли овој спреј заедно со својот партнер Хаин Алман ќе добие оштета од 100 милиони долари затоа што ФИФА незаконски го користела неговиот патент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој е успешно тестиран уште во 2007 година во аргентинската втора лига, а потоа стана составен дел од фудбалската игра и судиската опрема. Меѓутоа спорно беше што никој не ги испочитува луѓето кои го измислија овој патент. Тие испратија тужба, а врховниот суд во Бразил ја уважи тужбата и ФИФА сега треба да им плати 100 милиони евра.
Освен тоа вмешаните во целиот случај би можеле да сносат големи последици со оглед на тоа дека за ваков вид кршење на законот во Бразил може да се добие од една до четири години затворска казна. Меѓу вмешаните е и првиот човек на ФИФА Џани Инфантино.