Бразилецот Роберто Фирмино иако добро ја почна епизодата во Саудиска Арабија, сепак подоцна работите не се одвиваа во посакувана насока, па скоро сигурно до крајот на овој месец ќе се врати во Премиер лигата.
Заминувањето на Фирмино е добра вест за македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски кој остана на својата желба да продолжи во Ал Ахли и со заминувањето на Бразилецот би се ослободило место за странци во тимот.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Алиоски имаше добри настапи за Ал Ахли, но мораше да биде „жртвуван“ поради дозволениот број на странци.
Како можни нови дестинации на Фирмино се споменуваат Шефилд Јунајтед и Фулам, клубови кои водат битка за опстанок во најсилната англиска конкуренција.