Дома Трансфер зона Фиорентина во своите редови го носи сонародникот на Рибери

Фиорентина во своите редови го носи сонародникот на Рибери

По слабиот старт на сезоната, Фиорентина предводена од Френк Рибери започна да игра добро и што е најважно, да бележи добри резултати.

Tокму споменатиот Рибери игра како во најдобрите денови, па јасно е дека управата на клубот направи одличен потег со тоа што го доведе како слободен играч. Сега Рибери би можел да добие соиграч од татковината, бидејќи екипата од Фиренца е спремна да го ангажира Хатем Бен Арфа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тие се обидоја во текот на летото, како и Сампдорија, но не успеаа, па поранешниот играч на Њукасл и ПСЖ се уште е без клуб. Бидејќи е слободен играч, Фиорентина може да го ангажира во секој момент, па Бен Арфа наскоро би можел да му се придружи на Рибери.

Французинот минатата сезона ја помина во Рен, каде што беше многу добар со девет гола и шест асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…