Фудбалерите на ПСЖ со авион се упатија за Лисабон каде што утре ќе се сретнат со Бенфика во рамките од Лигата на шампионите.
Пред овој натпревар се појави една интересна информација која само уште еднаш ја докажува финансиската моќ на клубот од Париз. Имено, клупскиот автобус на ПСЖ ќе помине цели 3.600 километри празен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во ПСЖ одлучиле играчите да ги имаат на располагање удобностите на својот автобус, па затоа ќе го користат за кратките дестинации во Лисабон. За таа цел тој ќе помине 3.600 километри (во двата правци).
ПСЖ и Бенфика после двете кола имаат максимални шест бода во групата Х, Јувентус и Макаби кои ќе играат меѓусебе се без бодови.