Борбата за трофејот во ФА Купот, која ја водат Челзи и Арсенал денеска на „Вембли“ (18:30), ќе започне со едноминутно молчење.
На тој начин ќе им се оддаде почит на загинатите во Манчестер, кои поради терористички напад загинаа 22 лица.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освен финалето во ФА Купот, со едноминутно молчење ќе започнат и натпреварите во плејофот за промоција во Лига 1 (Блекпул – Екстер) и во Премиер лигата (Ридинг – Хадерсфилд), кој исто така се играат на „Вембли“ во недела и понеделник.
Поради овие ужасни настани, финалето во ЛШ помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, кој се игра во Кардиф на 3. јуни, нема да се игра под отворено небо. Стадионот „Милениум“ ќе биде покриен поради безбедносни причини и тогаш, и два дена порано кога на програмата е финалето во ЛШ за жени, каде што ќе се сретнат Олимпик Лион и Пари Сен Жермен.