Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен, Филип Лам, би можел да му се врати на фудбалот.
Иако на крајот од минатата сезона Лам одлучи да замине во фудбалска пензија изгледа дека во овој момент фудбалерот размислува за враќање на терените.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германецот веќе има две понуди и двете доаѓаат од Хамбург. Го посакуваат ХСВ и Сент Паули и според информациите на германските медиуми, Лам сериозно размислува да прифати една од овие две понуди.
Адреас Ритинг човекот кој е задолжен за засилувања во Сент Паули испрати официјална понуда до Лам.
„Сакам да направам голем трансфер. Вратите за Лам во нашиот клуб се отворени“, изјави Ритинг кој на Лам му понуди договор на една години со можност за продолжување на соработката.
Гигантот од Хамбург, тимот на ХСВ исто така има желба да го доведе Лам во своите редови и наводно и тие веќе му понудиле соработка.
Лам за тимот на Баерн Минхен одигра 500 натпревари, а на крајот од минатата сезона одлучи да стави крај на блексавата кариера.