Eкс-македонскиот репрезентативец, Филип Деспотовски доби место во најдобриот тим на Ворскла Полтава на сите времиња.
Македонскиот фудбалер две години помина во Ворскла од 2008 од 2010 година, но во тој период беше важен играч, а Ворскла го освои Купот на Украина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Настапите во тие две години беа доволни да се најде во одбрано друштво кога во прашање се странците кои играле за Ворскла. Во најдобрите 11 се најде и Таулант Сефери кој некогаш го носеше дресот на Работнички, а подоцна се одлучи да игра за Албанија. Исто така тука е и Јован Маркоски кој има македонско потекло.