Дома Македонски спорт Мак баскет Филип Бакоч е новото име на подготовките на сениорите

Филип Бакоч е новото име на подготовките на сениорите

Филип Бакоч е новото име во нашата машка сениорска селекција која деновиве ги одработува базичниот дел од подготовките за настап во претквалификациите за Мундобаскетот во 2023 година.

Поточно „стар“ ако се земе в предвид дека крилниот играч на МЗТ Скопје Аеродром беше дел од националниот тим и во претходниот квалификациски циклус, оној за пласман на Евробаскетот во 2022 година.  


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Сакам да имаме уште посилен интензитет во оваа фаза од подготовките. И да имаме играч повеќе, особено во оваа уводна фаза од подготовките. Затоа одлучив дополнително да го повикам Филип Бакоч, кој треба да помага на оние крилни позиции во тимот, каде го очекуваме доаѓањето на Џејкоб Вајли. Засега се оди според планот, играчите одлично ги прифатија сите принципи на работа на стручниот тим. Јас сум презадоволен од нивниот однос кон тренинзите. Во Маврово ќе работиме уште два дена, во среда се симнуваме во Скопје“- коментира кратко селекторот Драган Бајиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Никој како Димитријевиќ: Македонецот доминира во квалификациите!

Новата блескава игра за нашиот национален тим, само потврди дека Ненад Димитријевиќ е една…