И Луис Фиго испрати критики за новиот проект на УЕФА со Суперлигата.
Веста дека 12 голови клубови одлучија да формираат Суперлига беше дочекна со многу критики во јавноста.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познатиот Португалец кој играше за три клуба кои ќе бидат членови на Суперлигата истакна дека тие кои го оформиле ова натпреварување се себични луѓе.
„Оваа Суперлига е се само не – супер! Ова себичен потег и носи катастрофа за фудбалот и се што всушност тој значи. Со ваквата одлука себичните сопственици покажуваат дека не им е гајле за навивачите“, истакна Фиго.
Реал, Барселона,Атлетико, Милан, Интер, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи, Арсенал и Тотенхем, се клубовите кои досега го потврдија учеството.