Дома Фудбал Фиго: Немаше ништо меѓу мене и Гвардиола, јас сакам жени

Фиго: Немаше ништо меѓу мене и Гвардиола, јас сакам жени

Луис Фиго мина пет години на „Камп Ноу“, а потоа во 2000-та година направи „предавнички“ трансфер во редовите на најголемиот ривал, Реал Мадрид.

Португалската фудбалска легенда признава дека бил близок со Пеп Гвардиола, и проговори за „урбаниот мит“ дека тој и Пеп имале романтична врска кога беа соиграчи во Барселона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Гвардиола беше голем пријател кој ми помогна многу. Да, тој ми беше цимер, но немаше ништо. Зошто? Бидејќи сакам жени“, вели Фиго.

Темата за хомосексуалноста во светот на фудбалот уште е „чувствителна“ и на пример, ниту еден од фудбалерите во шпанската Ла лига нема признаено дека е геј.

„Фудбалот е многу суров спорт. Играте секоја недела и ќе бидете критикувани за секакви работи, а не за тоа што сте го покажале на теренот. Ќе мора да има заштита за тие кои ќе кажат дека се хомосексуалци“, вели Фиго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакуларен стадион ќе биде изграден на врвот на зграда висока 350 метри (Видео)

Планираниот небески стадион во Саудиска Арабија би требало да биде спектакуларен стадион, …