36-годишниот Фернандо Љоренте во моментов е слободен агент откако му заврши договорот со Удинезе и си бара нов клуб.
Љоренте нема намера да стави крај на кариерата и активно бара нов ангажман, пренесува „Мундо Депортиво“.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Медиумите откриваат дека Љоренте бил предложен на Интер и Јувентус, меѓутоа тие не покажале интерес за ветеранот.
Постои можност Љоренте да ја продолжи кариерата во Чемпионшип, бидејќи во моментов е слободен агент и слободно може да потпише со нов клуб.