Како што стојат работите Јувентус во зимскиот преоден рок ќе доведе уште еден напаѓач.
„Бјанконерите“ имаат намера да доведат некој кој нема скапо да го платат, а во игра се две имиња.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Една од опциите е Фернандо Љоренте кој веќе во минатото го носеше дресот на „старата дама“, а втората е напаѓачот на Каљари, Лука Паволети.
Теретот на првиот дел од езоната на свој грб го изнесоа Кристиано Роналдо и Алваро Мората, додека Паоло Дибала разочара.
Желба на Јувентус е и Оливие Жиру, но според најавите од Италија Французинот во овој момент е прескап за клубот од Торино.