Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Фернандињо: Нејмар ќе биде спремен, тој е играч кој може да направи разлика

Фернандињо: Нејмар ќе биде спремен, тој е играч кој може да направи разлика

Бразилецот Фернандињо откри дека неговиот соиграч Нејмар ќе биде максимално спремен за Мундијалот во Русија.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен во февруари заработи тешка повреда и се уште е надвор од терените. Последните најави се дека тој ќе биде спремен уште за пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Хрватска.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Повредата која имаше Нејмар е тешка. Можам тоа да ви го кажам бидејќи и јас самиот поминав низ нешто слично. Тоа е компликуван процес на опоравување. Меѓутоа кога го гледам на тренинзите ми изгледа спремно. Добро му оди, му се враќа самодовербата. Тоа е многу важно. Не се плаши да проба нешто ново. Сакаме да биде спремен за првиот натпревар на Мундијалот бидејќи нема сомневање дека е играч кој може да направи разлика во наша корист“, изјави Фернандињо.

Бразилците Мундијалот го започнуваат со натпреварот против Швајцарија на 17 јуни, а во нивната група се наоѓаат уште Србија и Костарика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…