Дома Фудбал Англија Фернандеш верен на Манчестер Јунајтед, наскоро потпис

Фернандеш верен на Манчестер Јунајтед, наскоро потпис

Бруно Фернандеш останува верен на Манчестер Јунајтед и наскоро ќе стави потпис на нов договор.

Според пишувањето на португалските медиуми преговорите помеѓу Фернандеш и Јунајтед течат добро и останува да се договорат уште последните детали.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во овој момент неговите примања се 110.000 евра, па е еден од најмалку платините фудбалери на „Олд Трафорд“.

Со новиот договор Португалецот ќе се обврзе на верност со Манчестер Јунајтед до 2027 година и годишно ќе заработува 14 милиони евра.

Фернандеш дојде во Манчестер Јунајтед од Спортинг Лисабон во јануари 2020 година за 55 милиони евра, и се етаблираше во клучен фудбалер на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер може да го замени Зомер со италијански голман

Плановите на Интер за летниот трансфер период ги опфаќаат позициите на голманите. Јан Зоме…