Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед се надева дека „црвените ѓаволи“ ќе успеат да го доведат Џејдон Санчо ова лето.
„Црвените ѓаволи“ се уште не се откажале од доведувањето на играчот на Борусија Дортмунд. Германскиот клуб за 20 годишниот Санчо бара 100 милиони фунти.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Манчестер Јунајтед мора да ги доведува најдобрите играчи на трансфер пазарот. Санчо е фантастичен. Ако дојде ќе го подигне квалитетот на тимот и во тоа треба да бидеме сигурни. На Јунајтед потребни му се големи играчи кој ќе имаат ефект во првите 11, а Санчо е токму таков“, изјави Фердинанд.