Се погласно се најавува дека Роналдо сака да замине од Манчестер Јунајтед, а на оваа тема сега зборуваше и Рио Фердинанд.
Роналдо минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ и неговото враќање беше дочекано со еуфорија и надеж дека клубот ќе се врати на победничките патеки. Сепак, резултатите на тимот се далеку од посакуваните.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Рио Фердинанд нормално е Роналдо да не биде среќен.
„Секако дека не е среќен. Зборувате за Кристијано Роналдо. Не разбирам како голема приказна е тоа дека не бил задоволен од работите во клубот. Нормално е да не биде и јас не би бил. Секој што сака да победува и да освојува трофеи, секој што е навикнат да биде на врвот во борба за најголемите трофеи нема да биде“.
„Кога еден таков играч одеднаш ќе остане без пласман во ЛШ не можете да очекувате да е среќен“, смета Фердинанд.
Според последните информации од Островот Роналдо во овој момент најблиску е до преселба во Челзи.