Дома Фудбал Англија Фердинанд го предупреди новото засилување на Манчестер Јунајтед

Фердинанд го предупреди новото засилување на Манчестер Јунајтед

Раководството на Манчестер Јунајтед успеа во последните моменти да го комплетира трансферот на Софијан Амрабат од Фиорентина.

Амрабат ќе игра на „Олд Трафорд“ како позајмен до јуни, но Јунајтед се обврза дека ќе го откупи во 2024 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Клупската легенда на Јунајтед, Рио Фердинанд, го предупреди Софијан Амрабат дека ќе треба доста бргу да се прилагоди на стилот и играта во Премиерлигата, ако сака да остави поволен впечаток.

„Секој играч кој доаѓа овде, ќе мора брзо да се прилагоди. Овде играта е далеку побрза и поинтензивна од таа во Серија А, дефинитивно. Тој е играч кој е солиден кога игра и за репрезентацијата, па се надевам дека тоа чувство и концетрација ќе го донесе и во Манчестер Јунајтед“, порача Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Раздор во Реал: Мбапе сам против сите, еден човек го уништува во Мадрид

Вистински раздор наводно се случува во Реал Мадрид. Соблекувалната му го заврте грбот на К…