Дома Фудбал Англија Фергусон сам со шише вино во канцеларијата се обидел да ја ублажи болката од последниот срам на Јунајтед

Фергусон сам со шише вино во канцеларијата се обидел да ја ублажи болката од последниот срам на Јунајтед

Сер Алекс Фергусон од трибините го следеше натпреварот од полуфиналето на Лига Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

После само 38 минути натпреварот веќе беше решен, Сити водеше 0:3 и тоа тешко му паднало на големиот Ферги.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми повикувајќи се на извори од клубот откриваат дека Фергусон на полувремето одлучил да биде сам. Тој ја напуштил свечената ложа и се упатил во канцеларијата која се уште ја поседува на „Олд Трафорд“.

Не сакал никого да види. До него била само чашата и шишето вино со кое легендарниот Сер Алекс се обидел да се смири.

Фергусон Манчестер Јунајтед го напушти во 2013 година. Се прости со титулата шампион во ПЛ, а како што стојат работите изгледа подолго ќе почекаме да го видиме Јунајтед повторно на тронот во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…