Дома Фудбал Англија Фергусон инсистира: Солскјер мора да добие траен договор

Фергусон инсистира: Солскјер мора да добие траен договор

Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон повеќе нема дилеми – Оле Гунер Солскјер треба да добие траен договор и да ги води „црвените ѓаволи“.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Фергусон, кој од кормилото на Јунајтед се повлече во 2013 година, смета дека Солскјер врши фантастична работа и дека раководството на клубот треба да го награди со перманентен договор.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Познато е дека Манчестер Јунајтед на 18-ти декември после отказот на Жозе Мурињо го именуваше Солскјер за привремен тренер до крајот на сезоната. Меѓутоа, тој на 14 меча во сите натпреварувања запиша 12 победи едно реми и еден пораз и тоа во Лигата на шампиони против Пари Сент Жермен.

Солскјер го повика Фергусон пред денешното дерби со Ливерпул да одржи мотивациски говор во соблекувалната на Јунајтед.

Исто така легендарниот стратег често го посетува тренинг центарот и следи како работи неговиот бивши играч за кого од секогаш верувал дека има посебно „тренерско знаење“.

Фергсуон е исто така воодушевен што под водство на Солскјер Јунајтед го врати напаѓачкиот стил на игра како и што Норвежанецот во стручниот штаб е опкружен со бивши иченици на Ферги – Мајкл Карик, Мик Филан и Марк Демпси.

Медиумите на Островот тврдат дека раководството на „црвените ѓаволи“ исто така е убедено во квалитетите на Солскјер и е спремно да му понуди перманентен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …