Скудерија Ферари денес го претстави болидот кој ќе биде адут на тимот во новата сезона, во шампионатот на Формула 1. Болидот јавноста имаше можност да го види преку видео презентација, а ја носи ознаката SF70H.
Новиот болид, според челниците на Ферари, ќе биде подобар од минатогодишниот и ќе му овозможи на тимот да биде многу поконкурентен во однос на ривалите Мерцедес и Ред Бул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Болидот е различен од минатогодишниот и поради новите правила кои важат од оваа сезона, а забележително е и дека за разлика од ласнкиот модел, овој болид речиси целосно е црвен. Само на предните крилца и на горниот дел на задната оска има бел крст со боите на италијанското знаме (зелена, бела, црвена).
Боите на Ферари и оваа сезона ќе ја браната поранешните светски шампиони Себастијан Фетел и Кими Раиконен.