Дома Фудбал Светско првенство во фудбал „Феноменот“ задоволен од ждребот: Сите услови за прво место!

„Феноменот“ задоволен од ждребот: Сите услови за прво место!

Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо изјави дека е задоволен од жребот и очекува „кариоките“ да бидат прво место во групата.

„Селесао“ се наоѓа во групата Е заедно со Србија, Швајцарија и Костарика.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мислам дека групите се избалансирани, и можеме да бидеме среќни со оние репрезентации кои ги избегнавме. Ги имаме сите услови да бидеме први во групата. Некои групи се многу комплицирани, како таа каде што се Португалија и Шпанија. Мислам дека ние имаме одлична група“, изјави Роналдо.

„Феноменот“ со Бразил два пати беше Светски шампиони, во 1994 година и 2002 година, кога беше избран и за најдобар фудбалер на Мундијалот.

„Сега најважни се припремите кои мораат да бидат во мир. Репрезентацијата треба да биде одделена од местото на натпреварот за да има свој мир. Мислам дека селекторот Тите веќе има свој план“, додаде Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Роналдо изгуби трпение и грубо турна навивач (ВИДЕО)

Познатиот португалски фудбалер Кристијано Роналдо грубо го одстрани навивачот од својата б…