Дома Трансфер зона Фелипе Кутињо пред враќање во поранешниот клуб

Фелипе Кутињо пред враќање во поранешниот клуб

Бразилецот, Фелипе Кутињо е пред враќање во редовите на Васко Де Гама, клубот каде што ја започна професионалната кариера.

Најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо објави дека офанзивецот ги договорил сите услови и договорот наскоро треба да биде потпишан. Преостанува само Кутињо да биде ослободен од Астон Вила која е спремна да го пушти.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Кутињо во период од 2008 до 2010 година одигра 19 натпревари за Васко Де Гама од каде што се сели во Интер во трансфер вреден 3.8 милиони евра.

Најдобрите денови од кариерата, Кутињо ги помина во Ливерпул каде што играше од 2013 до 2018 година. Таа 2018 година, Барселона го доведе како една од најголемите фудбалски ѕвезди во тоа време и за него плати 135 милиони евра. Но, Кутињо не ги оправда вложените средства и одигра 106 натпревари во кои постигна 25 голови и додаде 14 асистенции. Подоцна настапуваше и за Баерн, но ниту таму не ја врати старата форма.

Астон Вила го откупи за 20 милиони евра во 2022 година и сезоната 2023/2024 го позајми во катарскиот Ал Духаил каде што на 22 натпревари постигна седум гола и асистираше трипати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Баерн преговараат за Де Лихт

Матијас Де Лихт не е задоволен во Баерн Михен и сака да ја промени средината ова лето…