Португалецот, Жоао Феликс истакна дека повеќе му се допаѓа офанзивната игра на Барселона, отколку дефанзивната на Атлетико Мадрид.
Барса и Атлетико утре ќе се соочат во дербито на колото во Ла Лига, а пред дуелот на двете екипи зборуваше Феликс.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Секако дека повеќе ми се допаѓа напаѓачкиот стил на игра на Барселона. Сигурен сум дека исто е и со било кој друг фудбалер на Атлетико. Ако кажат дека не е така, сигурно лажат. Нема фудбалер кој не би сакал да игра во тим кој напаѓа“, изјави Феликс.
Барса и Атлетико ќе се сретнат утре во терминот од 21:00 часот.