Набил Фекир имаше одлична сезона зад се себе во дресот на Лион поради што го привлече вниманието на многу клубови.
25-годишниот Французин се поврзуваше од Реал Мадрид и Ливерпул, па се до Арсенал, Милан и Рома, но и натаму е играч на Лион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, сега пристигнуваат информации дека играчот постигнал договор со Бетис според кој треба да потпише петгодишен договор и ќе има годишна плата од 7 милиони евра.
Фекир е во последната година од договорот со францускиот клуб и токму тука Бетис ја гледа својата шанса да ја заврши работата.
Наводно, шпанскиот клуб би платил помеѓу 25 и 30 милиони евра на Лион, а целата работа би требало да биде завршена откако Бетис ќе го продаде Џовани Ло Селсо кој е достапен за 70 милиони евра.
Фекир лани беше пред трансфер во Ливерпул за 60 милиони евра, но договорот пропадна во последен момент, а ова лето неговото заминување е се поизвесно.
Nabil Fekir is close to joining Real Betis on a 5-year contract for €30m. pic.twitter.com/OYHt7tNUWU
— Transfer News (@TransfersLlVE) July 13, 2019