Мoментално вториот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ без многу мака стигна до полуфиналето на УС Опен, во кое ноќта меѓу петок кон сабота ќе игра против Американецот Бен Шелтон, 47. тенисер во светот кој стана вистинска сензација во Њујорк оваа година.
За турнирот за Sports Illustrated проговори и Роџер Федерер, поранешниот тенисер број еден во светот, кој изјави дека за него нема дилема дека Ѓоковиќ ќе го освои УС Опен.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
“Би се обложил на Новак Ѓоковиќ. Тоа е сигурен облог”, изјави Федерер.
Федерер престана да игра тенис пред една година. Тој и Ѓоковиќ беа жестоки ривали, Швајцарецот своевремено беше тенисер со најмногу освоени Грен слем титули, но Ѓоковиќ ги претекна него и Надал.