Најтрофејниот тенисер во историјата, Роџер Федерер после цели две години ќе се врати на турнирите со земјена подлога откако го потврди учеството на турнирот во Мадрид.
Швајцарецот, кој ја освои титулата од Ролан Гарос во 2009, последните две години целосно ја прескокнуваше сезоната на земја за да ги сочува силите за Вимблдон и американската турнеја, но оваа година најави враќање на овие терени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
37-годишниот Швајцарец е вториот најуспешен тенисер на „Каха магика“ во Мадрид зад Рафа Надал, освојувајќи ги титулите во 2006, 2009 и 2012 година.
„Федерер е еден од најдобрите играчи во историјата. Среќни сме што се враќа во Мадрид и тоа е подарок за турнирот. Нашата публика ќе има можност да ужива во настапот на овој уникатен тенисер“, изјави директорот на турнирот, Фелицијано Лопез.
Федерер има 11 титули од турнирите на земја, меѓу кои и шест трофеи на турнирите од Мастерс 1000 серијата како и пехар од Ролан Гарос во 2009 година.
¡Sí! ? ¡@rogerfederer jugará el #MMOPEN! ???❤️ ¡Bienvenido de nuevo, Rog! ???? ¡Nos vemos en mayo en la Caja Mágica! ???https://t.co/R1CyMOJvsC pic.twitter.com/YDecSl04Rg
— Mutua Madrid Open (@MutuaMadridOpen) February 20, 2019