Дома Фудбал Англија ФА: Саутгејт направи повеќе од сите претходни селектори заедно во последните 50 години

ФА: Саутгејт направи повеќе од сите претходни селектори заедно во последните 50 години

Англискиот селектор Герет Саутгејт денеска поднесе оставка од функцијата селектор на „Гордиот Албион“.

Набрзо по оставката се огласија од Фудбалскиот сојуз на Англија од каде што го потврдија неговото заминување, но и истакнаа дека Саутгејт направил поголеми резултати со репрезентацијата од сите претходни селектори заедно.


Ќе има борба за награди на Fantasy Premier League ↓↓↓


„Откако Англија го освои Светското првенство во 1966 година до Светското првенство во Русија во 2018 година, кое беше првото големо натпреварување за Герет, Англија победи само на седум натпревари во нокаут фазата. Така, Герет во осумте години на чело има повеќе победи на големите натпреварувања отколку сите селектори во последните 50 години заедно.

Бевме во финалето на Европското првенство во Лондон, бевме во финалето во Берлин. Пред Герет, Англија најдолго беше само пет месеци меѓу најдобрите пет репрезентации во светот. За време на неговиот мандат таа беше таму шест години. Герет направи многу и постави цврсти темели за успех.

Ние сме горди на сето она што тој го направи и засекогаш ќе му бидеме благодарни. Што се однесува до новиот селектор, јасно е дека има многу шпекулации, но нема да коментираме додека не донесеме конечна одлука“, објавија од ФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус преговара со Санчо

Јувентус е силно заинтересиран за ѕвездата на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативе…