Дома Фудбал Англија ФА Куп ждрепка: Фаворитите имаа среќа – најава за пеколно 1/2 финале!

ФА Куп ждрепка: Фаворитите имаа среќа – најава за пеколно 1/2 финале!

Извлечени се паровите за ¼ финалето во ФА купот оваа сезона.

Вечерва по натпреварот помеѓу Хадерсфилд и Манчестер Јунајтед беше извлечена ждрепката за ¼ финалето во ФА Купот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед уште еднаш одлично помина и ќе игра против Брајтон на „Олд Трафорд“, Сити ќе го пречека Саутемптон, секако доколку го елиминира Виган во понеденик.

Челси оди на Лестер, Тотенхем против Свонси или Шефилд, доколку слави против Рончдејл.

Тотенхем во недела од 17:00 часот му гостува на Рончдејл, Сити во понеделник во 21:00 часот игра против Виган во преостанатите натпревари од 1/8 финалето, додека Свонси и Шефилд ќе одиграат повторен натпревар.

Натпреварите од ¼ финалето на програмата се од 16 до 19 март, а доколку фаворитите ја оправдаат фаворитската улога во следната фаза ќе играат Сити, Јунајтед, Челси и Тотенхем.

ФА куп ¼ финале

Свонси/Шефилс – Рончдејл/Тотенхем

Манчестер Јунајтед – Брајтон

Лестер – Челси

Виган/Манчестер Сити – Саутемптон

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…