Дома Видео Фати се обиде да изнуди пенал, па доби лекција од играчот на Гетафе ?

Фати се обиде да изнуди пенал, па доби лекција од играчот на Гетафе ?

Барселона не се прослави на гостувањето во Мадрид. Гетафе ги победи Каталонците со 1:0 и со тоа им го нанесе првиот пораз во новата сезона.

Барселона во второто полувреме бараше пенал после дуелот помеѓу Ниом и Ансу Фати, но судијата Сото Градо не реагираше.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тинејџерот на Барса налета на ѕид откако Ниом го прочита неговиот план па остана да лежи на тревата држејќи се за лицето како да е погоден со снајпер.

Тоа го налути Ниом кој ми пријде на Фати и му одржа лекција дека некој кој допрва треба да стане полнолетен нема потреба така да симулира.

„Имаш 18 години и така паѓаш? 18 години!“ – дофрлуваше Ниом, додека Фати гледаше на друга страна и ништо не одговори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Првиот човек на ФФМ стана член на една од најважните комисии во УЕФА!

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби ново високо при…