Ансу Фати во текот на летото стана новата „десетка“ на Барселона, откако претходно од гигантот си замина Лионел Меси.
Барселона се обидува да му го продолжи договорот на Фати затоа што во него гледа лидер за тимот. Меѓутоа, во 2019 година Фати бил подготвен да си замине од Барселона, а негов нов тим требало да стане Ница.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таткото на младиот фудбалер на Барселона ги договорил условите, па дури и се фотографирал со дресот на Ница на кој била „деветката“, но трансферот пропаднал поради бизарна причина. Фати имал проблеми со пасошот, кои не можеле да се решат до крајот и трансферот во Ница им пропаднал поради тоа.
Секако, 18-годишниот напаѓач сега е поинтересен отколку во 2019 година, па Барселона може да го изгуби ако не му го продолжи договорот.