И онака силниот тим на Пеп Гвардиола во наредниот период ќе биде уште посилен.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денес потврди дека одличниот дефанзивец Џон Стоунс е спремен за враќање на терените.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стоунс беше надвор од терените скоро два месеци, но сега е повторно спремен да настапи.
„Стоунс во текот на вчерашниот ден одработи цел тренинг со екипата, од следниот тренинг ќе можеме повторно да сметаме на него. Тоа е навистина фантастична и важна вест за нас“, изјави Гвардиола и истакна дека Компани не е потешко повреден.
„Не е страшно како што во прв момент си мисливме. Повредата е полесна, Комапни наскоро ќе биде со тимот, но не можам да потврдам дека тоа ќе биде за викендот“, истакна Гвардиола.
Сити во недела со почеток 13:00 часот гостува кај екипата на Кристал Палас, а потоа веќе во вторник ги очекува натпревар против Вотфорд.