Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Фантастичен натпревар во Баку, Швајцарија и Велс ги поделија бодовите

Фантастичен натпревар во Баку, Швајцарија и Велс ги поделија бодовите

Репрезентациите на Швајцарија и Велс ремизираа (1:1) во рамки на првото коло од групната фаза на ЕП.

Првата шанса на денешниот натпревар ја видовме во 15. минута кога се закани екипата на Велс.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, после тоа Швајцарците беа нешто поопасни. Швајцарија првата шанса ја имаше во 21. минута преку корнер, но голманот на Вард одбрани.

Само шест минути подоцна нова шанса за Швајцарија. Овој пат во прилика беше Харис Сеферовиќ кој одлично шутираше, но топката замина покрај голот на Велс.

Швајцарија нова шанса имаше во судиското продолжение на првото полувреме кога Емболо му асистираше на Сеферовиќ, но овој повторно шутна надвор од рамките на голот.

Екипата на Швајцарија одлично го започна и второто полувреме. Фантастична шанса имаше во 48. минута кога Емболо излезе сам пред голот на Велс, одлично шутираше, но голманот повторно беше на висина на задачата.

Сепак, во продолжеие на акцијата после корнер Емболо беше највисок во петерецот и погоди со глава за 1:0 и водство на Швајцарија.

Швајцарците после погодок малку се повлекоа, а Велс знаеше тоа да го искористи. Имано, во 74. минута Морел одлично центрира од десната страна, а Мур одлично се снајде со глава и ја погоди мрежата на Швајцарија за 1:1.

До крајот на натпреварот резултатот не се промени, односно репрезентациите си ги поделија бодовите, а тоа беше и најреален исход.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…