Португалецот Кристијано Роналдо се најде на мета на фановите поради видеото кое на Инстаграм го објави неговата девојка Џорџина Родригез.
На видеото Роналдо во раце ја држи својата ќерка и ја бакнува на устата, а истото го прегледале скоро пет милиони следбеници, па не изостанаа бројните реакции.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Иако на некои им беше симпатично, некои му замерија сметајќи дека тоа не е примерено за еден родител и дека такви работи не треба да се објавуваат.
Роналдо ниту се огласи ниту реагираше, па видеото се уште стои на Инстаграм профилот на Георгина.