Дома Фудбал Останато Фабио Капело за Ибра: Кога дојде во Јувентус не знаеше да шутира!

Фабио Капело за Ибра: Кога дојде во Јувентус не знаеше да шутира!

Легендарниот Фабио Капело одлучи да зборува во јавноста за голем број детали, но веројатно најголемо внимание привлече со неговата изјава за Златан Ибрахимовиќ.

Трофејниот тренер се потсети на времето кога Златан Ибрахимовиќ пристигна во Јувентус.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Кога Ибрахимовиќ пристигна во Јувентус, шутот не му беше силна страна. Мино Раиола ми кажа: Има фантастичен удар, може да скрши рака на голман. Му одговорив: До сега ги кршеше само прозорците во салата за тренирање! Потоа ибра започна да тренира секој ден и да вежба и денес сите можат да видат колку напредуваше“, изјави Капело.

Капело сепак истакна дека Ибра бил и тогаш квалитетен фудбалер и дека бил запознаен со неговите квалитети.

„Го забележав додека бев тренер на Рома, Јувентус направи одличен потег. Успеаа да го купат за 16 милиони евра и тоа на четири рати. Во Ајакс сметаа дека нема да биде голем играч. Го избраа Мидо кого полесно можеа да го контролираат“, открива Капело.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите бесни: Погледнете како реагираше Инфантино по победата на Ал Хилал над Манчестер сити (Видео)

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не како да не го криеше своето разочарување по елим…