Откако пристигна вест за смртта на поранешниот боксерски шампион (ТУКА), ни пристигнува и уште една тажна вест сега од Италија.
Имено, младиот фудбалер Матија Џани починал во текот на вчерашниот ден за време на натпревар за неговата екипа која се натпреварувала во петиот ранг на италијанскиот фудбал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лекарските екипи кои присуствувале на натпреварот веднаш реагирале, а бил пренесен и во болница каде што за жал ја загуби битката.
Во италијанските медиуми, по трагедијата се огласи и градоначалникот од овој регион Алесио Фалорини.
„Со голема жалост ќе соопштам тажни вести, Матија не преживеа. Немам зборови со кои би ја опишал оваа трагедија. Голема болка, нека почива во мир“, изјави Фалорини.
Матија беше роден во Понте Егола, место во близина на Пиза, а почина на 26 години.