Дома Останати Кошарка Уште една рапсодија на Србија на СП: Кошот на Филипини го наполнија до врв!

Уште една рапсодија на Србија на СП: Кошот на Филипини го наполнија до врв!

Репрезентацијата Србија стигна до уште една убедлива победа на Светското првенство.

Во второто коло од групата Д на Светското првенство во Кина репрезентацијата на Србија денес ја декласираше селекцијата на Филипини со резултат 126:67.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Претходно во првото коло Србија со 46 поени разлика ја победи Ангола, а денес Србите беа уште поубедливи.

Самиот резултат покажува каков натпревар одиграа избраниците на Александар Ѓорѓевиќ. Уште на полувремето имаа предност од 27 поени разлика (62:35).

Единствен во првиот дел кој не влезе во игра кај Србија беше Бобан Марјановиќ, меѓутоа во вториот дел одигра одлично.

 Минутажата помалку или повеќе Ѓорѓевиќ ја распореди кај сите играчи и овозможи сите да го почуствуваат теренот. На крајот најефикасен беше Немања Бјелица со 20 поени, Богдан Богдановиќ запиша 17 (пет асистенции), а Мирослав Радуљица застана на 13 поени и четири асистенции.

Во селекцијата на Филипини најефикасен беше Перез со 16 поени, Делистан уфрли еден помалку.

Во следното коло Србија за првото место во групата ќе игра против Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Лука Дончиќ ја победи најдобрата екипа на НБА лигата – Лејкерси се подготвени и за титула?!

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги совладаа во дербито на вечерта Оклахома со резултат …