Дома Македонски спорт Уште една промена во Битола: Шампионот се раздели со Данецот Нилсен

Уште една промена во Битола: Шампионот се раздели со Данецот Нилсен

Eкипата на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер се раздели со уште еден ракометар.

Битолскиот тим го напушти и Данецот Андреас Јохан Нилсен, објавија утрово од таборот на пелистерци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со данскиот интернационалец Андреас Јохан Нилсен. Кружниот напаѓач ова лето пристигна во Битола и ја одработи полусезоната со македонскиот шампион. 26-годишниот Нилсен настапи во „зелено-белиот“ дрес во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија и Лигата на шампионите и покажа професионален пристап и ангажман.

Сепак, заради професионален предизвик и враќање во татковината, Нилсен пред истекот на договорот се разделува со нашиот клуб. РК Еурофарм Пелистер му се заблагодарува за периодот минат во нашиот клуб, нашиот град и нашата земја. Искрено му посакуваме успех во следниот предизвик и нашиот клуб секогаш ќе биде отворен за соработка за професионалци како Андреас Нилсен“, објави битолскиот клуб.

Еурофарм Пелистер првиот дел од сезоната го заврши на второто место во групата и во плеј-офот пренесува два бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Брестовац заедно со Ал Араби го освои Купот на Катар

Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац, продолжув…