Суперталентираниот Бразилец Ендрик стана најскапиот малолетник во историјата на фудбалот кога Реал Мадрид го купи од Палмеирас за рекордни 60 милиони евра (35 фиксна оштета и и уште 25 како бонуси).
Сепак, бидејќи се уште не е полнолетен, 17-годишниот Ендрик чека на 21. јули да го прослави 18-от роденден и да добие дозвола да го облече белиот дрес на „кралскиот“ клуб. Во меѓувреме реди успеси во Бразил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ендрик со Палмеирас ја освои шампионската титула во Паулиста. Неговиот тим во реваншот од финалето го победи Сантос со 2:0 и го надополни негативата од 1:0 од првиот натпревар. Младиот фудбалер не постигна гол ниту запиша асистенција, но сепак беше прогласен за играч на натпреварот.
Така Бразилецот го освои петтиот трофеј со Палмерирас. Сега е време Европа подобро да го запознае, а ќе видиме дали ќе ги исполни очекувањата кои се големи.
⚪️🇧🇷 Endrick has won 5th career trophy with Palmeiras at 17 years old!
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 8, 2024
🏆 Brasileiro Série A (2022)
🏆 Brasileiro Série A (2023)
🏆 Supercopa do Brasil (2023)
🏆 Campeonato Paulista (2023)
🏆 Campeonato Paulista (2024)
He’s also been named as Man of the Match. ✨ pic.twitter.com/JT1sfPyev4