Дома Останати Кошарка НБА Уште еден поранешен спортист стана милијардер

Уште еден поранешен спортист стана милијардер

НБА легендата Ирвин Меџик Џонсон е последната спортска личност која стана милијардер според магазинот „Форбс“.

Магазинот го процени Меџик на околу 1.2 милијарди долари. Џонсон така стана четвртиот спортист кој стана член на клубот на милијарди каде што се уште Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и Тајгер Вудс.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Целата кариера како играч, ја помина во Ла Лејкерс од 1979 до 1996 и освои пет шампионски прстени и трипати го освојуваше МВП признанието во регуларниот дел од сезоната. За време на кариерата Џонсон според „Форбс“ заработи 40 милиони долари, додека милијардер стана благодарение на одличните бизнис потези.

Џонсон е еден од сопствениците на бејзбол тимот на ЛА Доџерс, но им и акции во компании како „Старбакс“ и „Бургер кинг“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Де Јонг: За мене се пишуваат многу лаги…

Френки де Јонг е една од најголемите мистерии во Барселона во овој момент. Во текот на мин…