Дома Останати Кошарка НБА Уште еден луд натпревар во НБА: Јанис постигна 55 поени! 🎥

Уште еден луд натпревар во НБА: Јанис постигна 55 поени! 🎥

Во НБА лигата продолжи серијата на луди поентерски натпревари откако Јанис Антетокумпо постигна 55 поени во победата на Милвоки над Вашингтон.

Јанис натпреварот го заврши со дабл-дабл од 55 поени, 10 скока и седум асистенции. Во последните четири дена ова беше четврти натпревар на кој некој играч постигнува 50+ поени.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Донован Мичел претходно влезе во историјата на НБА со 71 поен, Клеј Томпсон постигна 54, а Лука Дончиќ постигнуваше по 51 и 60 поени.

Бостон одигра натпревар со една од најслабите одбрани во својата историја затоа што прими 150 поени од Оклахома (150:117). Само еднаш во последните 77 години овој тим примил повеќе поени.

Во третиот натпревар во неизвесен дуел Јута славеше победа над Сакраменто од 115:117.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…