Дома Трансфер зона Уште еден европски гигант спремен да ја активира клаузулата на Лаутаро Мартинез

Уште еден европски гигант спремен да ја активира клаузулата на Лаутаро Мартинез

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез оваа сезона блеска во дресот на Интер, па го привлече вниманието на многу еврпски гиганти.

Веќе подолго време се шпекулира дека Барселона сака да го донесе Лаутаро Мартинез во своите редови, а сега уште еден европски гигант се вклучи во трката за неговиот потпис.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Каталонскиот клуб е спремен да ја активира откупната клаузула од 111 милиони евра, но Интер сака да го спречи тоа така што ќе му понуди нов договор на Аргентинецот.

Покрај Барселона интерес за Лаутаро покажува уште и Манчестер Јунајтед, кој исто така нема да има проблем да ја плати откупната клаузула.

Сепак, на крајот конечната одлука за својата иднина ќе ја донесе самиот Лаутаро, дали ќе се пресели во некој од споменатите клубови, или ќе потпише нов договор со „нероаѕурите“.

22-годишниот Аргентинец оваа сезона во Серија А на десет настапи постигна пет гола, а актуелниот договор со Интер му истекува во 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …