Дома Останати Ракомет Уште еден вардаров брак: Се венчаа поранешните ракометари на РК и ЖРК Вардар (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Уште еден вардаров брак: Се венчаа поранешните ракометари на РК и ЖРК Вардар (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Спортскиот бренд Вардар во последниве неколку години донесе големи радости за сите фанови на црвено- црната боја. Покрај успесите кои ги нижеа на спортските терени, машкиот ракометен тим стана европски првак, женскиот тим пет пати играше во Ф-4 турнирот од Лигата на шампионите, два пати беа и финалистки, фудбалскиот тим пак успеа да биде првиот македонски клуб кој влегол во групната фаза од европско натпреварување, вардаровото семејство беше и место каде што се родија многу љубовни врски, дел од нив крунисани и со брак веќе.

Последен пример се поранешните ракометар и ракометарка на Вардар, Стеван Вујовиќ и Сања Дамњановиќ сега веќе Вујовиќ.

09.07.2018.❤️

A post shared by Sanja Vujovic (@sanjadamnjanovic) on

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


 

Поради тоа што Стеван и Сања не се погодија во ист период да играат за вардаровите клубови, можеби и не бил Вардар причината за нивната љубов, но сепак тие се само уште едни кои играле за овие клубови, а завршиле во љубов.

09.07.2018.❤️

A post shared by Sanja Vujovic (@sanjadamnjanovic) on

Стеван беше дел од Вардар во два наврати, прв пат од 2007 до 2009 година, а потоа и во сезоната 2011-2012, додека Сања настапуваше за Вардар две години, од 2015 до 2017 година.

Инаку, вардаровото семејство спои неколку парови, како што се Јованка Радичевиќ и Костадин Захов, Сираба Дембеле и Игор Павловиќ, кои сега се во брак, Андреа Кликовац и Дарко Глишиќ, Филип Петковски и Олга Черноиваненко, а како пар во вардаровите клубови пак пристигнаа и Матија Кобетиќ и Андреа Пенезиќ.

извор: курир.мк

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар ќе прави трофејна соба, побара помош од навивачите!

Ракометниот клуб Вардар започнува интересна иницијатива со која сака да ја зачува својата …