Изненадувачката победа на Џастин Гетчи против Тони Фергусон малку ја искомплицира ситуацијата во лесна категорија во УФЦ.
Се очекуваше Фергусон да победи и да го земе појасот за привремен шампион и да влезе во шести обид за борба со шампионот Кабиб Нурмагомедов. Сега прилика за појасот место Фергусон ќе има 33 годишниот Гетчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Разговарав со Кабиб и ми кажа дека ќе биде спремен за борба во септември. Не знам каква ќе биде ситуацијата тогаш, но борбата ќе се реализира“, порача првиот човек на УФЦ Дајна Вајт.
Прилика за борба за појасот чека и Конор Мекгрегор.
„Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со него. Веројатно ќе се бори во текот на летото, а потоа против победникот од борбата помеѓу Гетчи и Кабиб“, изјави Вајт за Конор.
Ќе потсетиме Конор пред две години доби прилика против Кабиб но тогаш беше поразен со гушење и од тогаш се обидува да добие реванш.